Македонските инвеститори имаат интерес да вложуваат во обновливи извори на енергија, посебно откако државата почна да обезбедува субвенции за оваа намена, но искористеноста е се уште релативно мала, само два до три отсто од вкупниот потенцијал на сончевата, геотермалната и енергијата од ветер. Причината за ова експертите ја лоцираат во недоволната информираност на јавноста и финансиите. Ретко кој од нашите луѓе знае колку и што значи да се инвестира во сончеви колектори, дали е тоа исплатливо, колкава е заштедата или за колку време вложените средства се враќаат. Од друга страна, државата веќе дава субвенции за производство на електрична енергија од обновливи извори, а постојат и други можности.
Македонските инвеститори имаат интерес да вложуваат во обновливи извори на енергија, посебно откако државата почна да обезбедува субвенции за оваа намена, но искористеноста е се уште релативно мала, само два до три отсто од вкупниот потенцијал на сончевата, геотермалната и енергијата од ветер.
Причината за ова експертите ја лоцираат во недоволната информираност на јавноста и финансиите.
- Ретко кој од нашите луѓе знае колку и што значи да се инвестира во сончеви колектори, дали е тоа исплатливо, колкава е заштедата или за колку време вложените средства се враќаат. Од друга страна, државата веќе дава субвенции за производство на електрична енергија од обновливи извори, а постојат и други можности - изјави професорот Марко Серафимов од Машински факултет на презентацијата на австриски компании специјализирани за производство на енергија од обновливи извори и за еколошка технологија во Стопанската комора на Македонија.
Околу 40 отсто од вкупната енергетска потрошувачка во земјите од Европа и светот отпаѓа на потрошувачка на енергија во објектите. Тука, смета Серафимов, има голем простор за заштеда, не само преку намалување на потрошувачката, туку и преку поголема примена на обновливите извори енергија.
- Во Европа кон која се приближуваме, моментно е на сила Директивата за енергетски карактеристики на објектите од 2002 година. Но, годинава е изработена нова што ќе почне да се применува во 2011 и предвидува т.н. принцип на три пати по 20 или, 20 отсто помала потрошувачка на енергија, 20 проценти помала емисија на стакленички гасови и 20 отсто поголема примена на обвновливи извори енергија за станбени и јавни објекти. Кај нас таква обврска нема, но во тек е проект за воведување на Директивата за енергетски карактеристики - рече професорот.